Штајнмајер го посети Кавадарци со “Мерцедесот од Груевски”!

t

Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер денес попладне дојде во Кавадарци, а посетата била резултат на германските инвестиции во градот.

Тој пристигна со луксузниот мерцедес од речиси 600.000 евра, а за кој поранешниот премиер Никола Груевски беше осуден на две години затвор, за примање награда и противзаконито влијание за случајот ,,Тенк”, а за истиот случај началникот за јавни набавки Ѓоко Поповски доби 6 години и шест месеци за злоупотреба на службена должност и овластување.

Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска пак, беше осудена на 6 години затворска казна за злоупотреба на службената положба.

Помеѓу граѓаните кои го забележале доаѓањето на германскиот претседател имаше такви кои веднаш прокоментираа дека станува збор за ,,луксузното возило на Груевски”, а градоначалникот Јанчев за ,,Фокус” потврди дека се работи за истото возило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерцедес сели дел од производството надвор од…

Поради високите трошоци за производство и падот…

„Мерцедес“ излета од патот Ресен-Битола, возачот со…

На 14.10.2024 во 14.00 часот во Полициската…

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

ХИТ: Сопственичка на фитнес клуб на својата…

Сопственичката на фитнес центарот од Груд, мало…