ГОТОВО Е: Роналдо станува најплатен играч во светот во Ал-Наср!

t

Секогаш добро упатениот шпански медиум „Марка“ пренесе неверојатна информација. Шпекулациите дека Кристијано Роналдо би можел да заигра во Ал-Наср се пред исполнување.

Според Шпанците, Португалецот од први јануари ќе заигра во првенството на Саудиска Арабија и ќе стане најплатен фудбалер на светот. Според информациите кои се појавија минатата седмица, Роналдо би заработувал речиси 200 милиони евра по сезона, што убедливо ќе го издвои на врвот како најплатен на светот и на сите времиња.

Кристијано Роналдо поради несогласувања со Манчестер Јунајтед и Тен Хаг имаше спорно интервју, во кое отворено зборуваше за клупските проблеми. Поради тоа договорот му беше прекинат и тој остана слободен агент. Сега се очекува вистински „бум“ на Блискиот Исток, бидејќи ѕвезда како Роналдо никогаш не играла на тие простори.

Ал Наср по осум кола во Премиер лигата на Саудиска Арабија е второпласиран со три бода помалку од Ал Шабаб, меѓутоа ако дојде Роналдо со сигурност ќе стане главен претендент за тронот.

Извор: gol.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…