Пендаровски во посета на Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО
– Претседателот Стево Пендаровски денеска во Монс, Белгија, ја посети Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО, каде што имаше средба со врховниот командант, генерал Кристофер Каволи.
На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните активности на командата и зајакнувањето и прилагодувањето на силите по почетокот на руската воена инвазија на Украина, во насока на заштита на НАТО сојузниците и намалување на ризикот од проширување на конфликтот, соопшти неговиот кабинет.
Пендаровски ја реафирмираше подготвеноста на државата да даде свој активен придонес во напорите на Алијансата насочени кон исполнување на стратешките цели, во одржувањето на регионалната безбедност и зацврстување на единството во НАТО. Истакна дека Република Македонија, во рамки на своите капацитети, ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош на Украина, со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир.
Генералот Каволи се заблагодари за севкупната поддршка што Република Македонија, како членка на НАТО, ја дава во напорите на Алијансата за одржување на безбедноста на евро-атлантскиот простор.
Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски имаше средба со припадници на Армијата на Република Македонија распоредени во Врховната команда на сојузничките сили за Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Карни ја поддржа идејата за средба на…
Канадскиот премиер Марк Карни во средата даде…
Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…
Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…
Франција потврди присуство на свои војници во…
Француски воени припадници веќе неколку месеци се…
Иран тврди дека има загинати и ранети…
Иранските сили извршиле напади со беспилотни летала…
Нови детали за акцијата на МВР и…
Еврејски бизнисмен, кој работи во голема грчка…