Источната државна граница е најбезбедна во Западен Балкан
Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работна средба со раководствата на СВР Струмица, СВР Штип, како и Регионалниот центар Исток со цел согледување на сработеното, како и лично запознавање со реализираните активности во 2022 година и со постигнатите резултати. На средбата министерот Спасовски беше информиран за безбедносната состојба на подрачјата на СВР Струмица, СВР Штип и Регионалниот центар Исток, состојбите со криминалитетот, како и активностите кои се преземаат во насока на негово намалување, одржување на поволен јавен ред и мир, безбеден патен сообраќај и превенција со единствена цел – подигнување на безбедноста и заштита на граѓаните.
На средбата министерот Спасовски напомена дека на територијата на СВР Струмица во периодот јануари – ноември 2022 година, споредбено со истиот период во 2021 година, бројот на кривични дела од областа на недозволената трговија со дрога бележи тренд на намалување за 27%.
„Годинава бележиме значително поголема заплена на наркотични дроги, особено марихуана, која е запленета во количина од 2.355 кг. Како резултат на преземените активности, СВР Струмица во текот на 2022 година оствари ефикасност во областа на вкупниот криминал од 45% и реализација од 77%, што претставува значајно зголемување на ефикасноста во расчистувањето на кривичните дела во однос на 2021 година“, истакна Спасовски.
Што се однесува за територијата на СВР Штип, Спасовски истакна дека во 11-те месеци од оваа година, компаративно со истиот период минатата забележано е намалување на вкупниот криминал за 10%, а зголемување на ефикасноста во расчистувањето на кривичните дела за 37%.
„Во делот на тешките кражби, кои се меѓу приоритетите на СВР Штип, во последните три месеци од 2022 година се бележи евидентно намалување на пријавените тешки кражби за 31,5%, споредбено со истиот период лани“, потенцираше Спасовски. Министерот напомена дека во областа на сообраќајот за единаесетте месеци во 2022 година на територијата на СВР Штип за 11% се намалени сообраќајните несреќи со тешки последици.
За територијата која е во надлежност на Регионалниот центар Исток, Спасовски потсети дека според извештајот на ФРОНТЕКС оваа државна граница е најбезбедна во Западен Балкан.
„Во периодот јануари – ноември 2022 година, споредбено со истиот период минатата година регистрирано е зголемување во откривачката функција на илегалната миграција за 32,54%, а зголемен е и бројот на откриени илегални мигранти за 38,56% кои се обиделе да ја поминат границата. Во однос на влез и излез на граничните премини во надлежност на Регионалниот центар Исток се бележи зголемување за 66,61% во споредба со минатата година, а за 500% зголемена е откривачката функција на шверцот со акцизни стоки“, истакна министерот.
Од страна на раководствата на СВР Струмица, СВР Штип и Регионалниот центар Исток министерот беше информиран дека согласно презентираните показатели, безбедносната состојба на подрачјата во нивна надлежност е поволна и на задоволително ниво, што е особено важно за граѓаните од источниот дел на Република Северна Македонија, но и во рамки на генералната оценка на државата.
Министерот Спасовски изрази уверување дека и во наредниот период ќе се продолжи со зголемена динамика при реализација на превентивните активности, но и на репресивните мерки, па со добри резултати во поглед на ефикасноста ќе ја испратиме оваа година, што ќе биде дополнителен мотив за уште подобри резултати во годината што следи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија и Косово водат на Балканот по…
Во првата половина од годинава граѓаните од…
Струмица стана првата општина на Балканот која…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во…
Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа
Во земјите од регионот денеска се активирани…
Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…
Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…
ЕУ донираше 35 милиони евра за Србија…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…