Комити лути поради новиот термин: Нека видат како е пред празни трибини!

t

Верните навивачи на најтрофејниот македонски клуб Вардар најавија дека нема да се појават на трибини за последниот натпревар во есенскиот дел од сезоната против Кожув зашто ќе се игра во петок, наместо за викенд.

Комити се лути поради новиот термин на мечот, кој е закажан за утре (петок) од 13 часот, па поради тоа сакаат да испратат јасна порака со тоа што нема да се појават на стадионот.

„Поради промена на регуларниот термин на одигрување на првенствените натпревари, одлучивме да не присуствуваме на последното коло, кое според изменетиот распоред треба да се одигра во петок (9.12.2022) со почеток од 13:00ч. Нека видат како е пред празни трибини, тие што ставаат глупи термини“, се вели во соопштението на Комити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за охриѓанец, си оградил повеќе…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице…

(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди…

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по…

САД воведоа нови санкции против Куба, насочени…

САД денес воведоа нови санкции врз Куба,…

Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на…

Во тек е интервенција на пожарот во…

„Август е проклет месец“: Путин под притисок…

Украина му го отежна животот на Владимир…