Добро утро со Инфомакс: Сé кусо траело на веков – недоодлива беше била само тагата во душата на мојот народ

t

Анте Поповски е македонски поет, есеист, препејувач, публицист и политичар.
Поповски дипломирал медицина, но се занимавал со литература. Работел како директор на НИП „Нова Македонија“ (1970 — 1973) и на „Вардар филм“, а во два мандати и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. На почетокот на 1990-тите, тој бил еден од основачите на политичката партија МААК. Исто така, Поповски бил член на МАНУ од 2001 година.

Избори од неговата поезија во посебни книги се објавени во Албанија, Грција, Франција, Русија, Турција, Италија, Германија, Велика Британија и Индија.

Поповски својата инспирација ја наоѓа во Македонија и голем дел од неговото творештво е посветено токму на татковината за која употребува најмилни зборови.

Добро утро Македонци, уживајте во “Елементот на бескрајот”:

ЕЛЕМЕНТОТ HA БЕСКРАЈОТ
— Анте Поповски


Свеченоста кога се населивме буква по буква и ред
по ред во книгата на нашето убаво исчезнување:
мапите на пустошот,
урнатините на детскиот збор,
беломорјето во брегови од толку убав македонски
тајнопис,
удирањето на пеперутката врз прозорецот
во ноќите на онаа усама како во сон
жив во каменот кога се гледаш издлабен
врзан со корења за својата сончева татковина
и прелагата колку долг се гледа патот
а колку брзо доаѓа утоката?
О, Господи,
кусо траело на веков сé

– недоодлива беше била само тагата
во душата на мојот народ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…