Украинската амбасадорка го посети Бигорскиот манастир

t

Во посета на Свештената Бигорска обител вчера попладне беше амбасадорката на Украина во земјава Лариса Дир со свои соработници.

– Ценетите гости беа пречекани во духот на манастирското гостопримство. Најнапред од страна на браќата им беше раскажано за историјата, за содржините и за современата мисија на манастирот и Братството. Потоа нејзината екселенција оствари средба со нашиот старец, епископот Антаниски г. Партениј, во неговиот работен кабинет, информираа од Бигорски манастир.

На средбата, меѓу другото, разговарале и за воената агресија на Русија врз Украина.

– Владиката забележа дека нема православен Христијанин кој би иницирал или поддржал војна и завојувачки акции и ја осуди агресијата како начин за решавање на какви било несогласувања. Старецот уште еднаш го изрази нашето сострадание и поддршка за страдалниот народ во Украина, кој на своја кожа ги преживува стравотните зла на војната започната од Русија, а нејзината екселенција му се заблагодари на Старецот за искажаната солидарност, посочуваат од Бигорскиот манастир.

Владиката порачал дека Православието треба да служи „за мир и за единство во љубовта Божја на сите народи, во духот на универзалноста на Евангелието“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Трговијата со луѓе е глобален проблем,…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествуваше…

Над 244 илјади туристи ја посетиле Македонија…

Македонија во август ја посетиле вкупно 244.513…

„Хакер“ од Мала Речица паркирал бесплатно, па…

Дваесет и двегодишен жител на Мала Речица…

Потерницата за Михајлова стигнала во бугарското МВР

Бугарското Министерство за внатрешни работи добило известување…

ОДБРАНАТА НА ГРУБИ СЕ ИЗВИНИ: Велат дека…

Адвокатите на Артан Груби се оградија од…