Хорор во Италија: Уапсена Србинка која го избодела сопругот со нож
Италијанската полиција уапси жена со српско потекло, која вчера во Трст со кујнски нож го избодела својот сопруг додека спиел. Ранетиот маж потоа побегнал од станот и истрчал крвав на улица за да повика помош.
Нападот се случил околу 19 часот и 30 минути, а според верзијата на повредениот (60), исто така со српско потекло, жената со кујнски нож го прободела во вратот додека спиел. Оружјето подоцна било пронајдено на улица, недалеку од куќата, пишува италијански Triesteprima.
Според сведочењето на соседите од влезот каде што живее овој пар, никогаш досега не правеле проблеми.
Тоа се двајца добри луѓе, пиеја повремено, но како и многу други, не претерано. Имаа финансиски проблеми бидејќи и двајцата останаа без работа. Ги познавам и навистина не можам да објаснам што се случи – изјавила сосетката.
Друг сосед открива дека го разбудил телефонски повик во 23 часот, дека му се јавиле да го прашаат што се случува во населбата.
Потоа излегов низ вратата и видов многу крв, трагите водеа до третиот кат од зградата, каде што живеат сопружниците. Сепак, воопшто не слушнав никакво врескање или тепачка. Секое семејство живее на свој начин, но колку што знам тие се нормални луѓе. Жал ми е за нив, бидејќи и двајцата добро ги познавам – рече тој.
Осомничената е уапсена, а рочиште е закажано за в понеделник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Амнести интернешнел“ ја повика Италија да го…
Италија треба да го прекине договорот со…
Ренесансни слики со непроценлива вредност украдени од…
Во музеј на Сицилија, украдени се четири…
„Мислевме дека спие“: родители во Италија возеле…
Родители возеле околу 100 километри низ Италија…
Италијански бизнисмен поставил бомба пред домот на…
Италијанскиот бизнисмен Валтер Лавитола признал дека го…
Ескалира спорот во ЕУ: Шпанија воведува гранични…
Шпанија воведе гранични контроли на целиот воздушен…