Важна информација за сите што патуваат: Поради одрони сообраќајот на Кичево-Охрид се одвива по една коловозна лента

t

На магистралниот пат Кичево – Охрид, кај село Врбјани од 12:30 часот сообраќајот на една коловозна лента е блокиран.

Како што соопшти АМСМ, причина за тоа се одрони на пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одрони во дебарско поради обилниот дожд

Поради чести одрони и влажни коловози на…

Одрон на патниот правец Маврови Анови –…

Поради поголем одрон на патниот правец Маврови…

Загина работник на автопатот Кичево-Охрид

На 29.01.2025 во 13.20 часот во ОВР…

Николоски: Останувам на ветувањето дека автопатот Охрид…

Јас цврсто стојам на моето ветување дека…

Од Кичево кон Охрид ќе се вози…

Работиме и во зимските месеци и автопатот…