Бекам ги теши Кејн и соиграчите: Следниот пат ќе биде поинаку
Легендата на англискиот фудбал, Дејвид Бекам им даде поддршка на неговите сонародници кои синоќа загубија од Франција со 2-1 и го завршија настапот на Светското првенство во Катар.
Англија доживеа уште една елиминација во четвртфинале на едно големо натпреварување, разочарувањето кај фудбалерите е големо бидејќи големи беа и амбициите.
Дејвид Бекам се обиде со охрабрувачка порака на социјалните мрежи да ги утеши Кејн и неговите соиграчи.
„Нашите момци ќе продолжат да созреваат. Секогаш е најлошо чувството кога се будите по елиминација од турнир, но нашите играчи, Герет, стручниот штаб и сите наши фанови можат да бидат горди на овој тим. Потребен е вистински лидер кој ќе истапи во овие моменти и токму тоа го направи нашиот капитен, следниот пат крајот ќе биде поинаков. Ние си одиме со високо кренати глави“, напиша Бекам.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Платите на наставниците и лекарите во Англија…
На наставниците и лекарите во Англија ќе…
Том Круз „мртов пијан“, Бруклин не дојде:…
По роденденското патување во Франција, Дејвид организираше…
14 деца се приведени поради можна вмешаност…
Полицијата во Англија истражува трагична смрт на…
„Гардијан“: Општините во Англија можат да воведат…
Општините во Англија сега имаат право да…
Поплави и обилни врнежи предизвикаа хаос во…
Обилни врнежи и поплави погодија делови од…