Објавено на:

Македонската шаховска репрезентација освои бронзен медал на Балканското првенство за младинци

t

Со бронзен медал се закити македонската репрезентација освојувајќи го третото место на Балканското првенство во шах за младинци кое се одржа на Попова Шапка.

По неизвесна борба до последното коло, првото место го освои Грција, додека сребрениот медал им припадна на словенечките шахисти.

Боите на македонската репрезентација на Балканијадата ги бранеа Емил Ристески, Андреј Велјановски, Леонид Петрески, Антон Златков и Моника Жежовска, предводени од селекторот Орце Данчевски.

-Ова беше одличен завршеток на оваа година во која нашите младинци во неколку наврати покажаа одлични игри и добри резултати, и се надеваме дека во наредните години ќе имаат уште подобри резултати, соопшти Шаховската федерација на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лазаров: Холандија е репрезентација која ја краси…

Селекторот на Македонија, Кире Лазаров уште еднаш направи ретроспектива…

Пешевски: Македонија може мирно да спие, во…

Пивотот на македонската ракометна репрезентација, Жарко Пешевски,…

Сефте победа на македонските одбојкари за убедлив…

Во својот прв настап одбојкарската репрезентација на…

Кирил Лазаров и Филип Миркуловски ќе го…

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил…

Ракометна радост: Македонија ја победи Романија

Македонската ракометна репрезентација одигра натпревар со моќен…