Црна Гора премина на онлајн настава поради дојавите за бомби во училиштата
Црногорското Министерство за образование денеска одлучи до крајот на неделата наставата во сите средни и основни училишта во таа земја да се одвива преку интернет.
Одлуката доаѓа откако два дена по ред беа евакуирани сите образовни институции поради лажни дојави за поставени бомби.
Како што е соопштено, ваквата одлука е донесена по препорака на Црногорската полициска управа, а за учениците е обезбеден континуитет на настава.
„Црногорското Министерство за образование во соработка со Полициската управа навремено ќе ја информира јавноста за сите понатамошни активности и препораки. Исто така денеска апелираме до сите граѓани да останат смирени и присебни и да ги почитуваат упатствата на Министерството и Полициската управа со цел заеднички да придонесеме за стабилност во новосоздадената состојба“, се вели во соопштението.
Вчера и денеска на интернет адресите на основните и средните училишта пристигнаа заканувачки пораки дека се поставени бомби, по што наставата е прекината, а учениците се евакуирани.
Пораките дошле од е-поштата Ричард Рамирез, а авторот се претставил како Владислав Поздњаков од руската екстремистичка група „Машка држава“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…