(Видео) Колку вредат хероите за државата? Дали еден офицер, во било која држава, во било која војска во светот вреди 250.000 денари?

t

Наместо да им помага, државата им приредува голгота! Бранителите и нивните семејства наместо да бидат горди што учествувале во одбрана на татковината, се оставени на милост и немилост се прашуваат за што се бореле…

Надица Мирчовска е бранител, како што ни објасни таа, учесник во три војни (Хрватска, Косово и конфликтот во 2001 година), сопруга на командант на воена полиција загинат во 2001 година, мајка на две ќерки.

Надица за Инфомакс раскажува потресна приказна, за тоа како некој цел живот дава се’, го дава дури и животот за татковината, за на крај таа да побара пари од нив затоа што некако се збогатиле…

Надица ги прашува и властите, но и јавноста, колку вреди животот на еден војник, дали не е срамно животот на еден командант да биде проценет на 250.000 денари?

Во продолжение дел од интервјуто на Надица за Инфомакс:

– Мојот сопруг е командант на воена полиција и тој погина на 28 март 2001 година, во конфликтот. Со тоа што исто и јас како припадник на безбедносните сили, тогаш се формира Здружение на херои на Македонија, прво беше жртви на албанскиот терризам, после се промени во герои на Македонија.

Втората година јас бев претседател и како учесник во војната и голготите кои ги поминуваме од сите власти откога сме дојдени во Македонија, голготите си продолжуваат и понатаму…

Министерството за одбрана, како патрон на сите бранители требаше да не заштити, а не во рок од три дена од случите ни дадоа да потпишеме едни срамни спогодби, во рок од три дена за сопругите и родителите по 250.000 денари, сестри-браќа по 100.000 денари и тоа не секаде исто, пак селективно и на децата по 180.000 денари. Значи тоа е обесштетувањето, толку ги проценија животите на војниците…

Дали еден офицер, во било која држава, во било која војска во светот вреди 250.000 денари?

Прво некој во МО требаше да одговара за злоупотреба на службената позиција, зошто тоа во рок од три дена… после 22 години ние не знаеме што се случувало, креаторите на војната требаше да одговараат, зошто нашите деца беа многу мали,имаме и посмртчиња, сега прашуваат што се случуваше во 2001…

Прво калето ги нарече терористи, за после да бидат борци за човекови права…

Моите ќерќи беа 7 и 6 години, на школо не одеа кога почина сопругот, тоа беше една многу голема траума, како гром од ведро небо, зошто 15 минути пред да погине се слушнавме… и тоа се случи… – раскажува Надица низ солзи.

ЛИНК ОД ВИДЕОТО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Небензја: Денеска над Балканот демне опасност од…

Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН,…

Путин: САД го креираа украинскиот конфликт

Рускиот претседател го обвини Вашингтон за организатор…

Толку од офанзивата, Украина се спрема за…

Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека Украина…

Ги врзаа за столб и ги разнесоа…

Не станува збор за злосторство на терористичката…

22 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен…

Пред дваесет и две години на денешен…