„Водовод и канализација“: Брзо, лесно и едноставно до електронска фактура

t

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, овозможува пристап до сите информации за претпријатието преку својата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk, пристап до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk и преку мобилната апликација достапна за Android и iOS.

– На едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на упатствата, приложени на e.vodovod-skopje.com.mk, корисниците на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје имаат можност да поднесат барање за добивање на електронска фактура. „Доколку не сте регистриран електронски корисник, а сакате да ја добивате вашата фактура електронски, следете ги упатствата на e.vodovod-skopje.com.mk и пополнете го формуларот за е-фактура и скениран доставете го на [email protected] или во приемните канцеларии на Сектор наплата при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје“. Досега, оваа можност ја имаат искористено 50.000 физички лица, кои истовремено придонесуваат и кон заштита на животна средина, што е една од целите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како општествено одговорно претпријатие, се наведува во денешното соопштение на претпријатието.

Достапноста на услугите на претпријатието, како што посочуваат, е овозможена и преку мрежата на таканаречените киосци за плаќање на сметки, распоредени на четири локации во градот. Во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во корисничкиот центар на ЈП „Комунална хигиена“, во ГТЦ – приземје и во Капитол мол.

– ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје работи во интерес на сите корисници и во таа насока, информираме дека сервисирањето на долговите може да се изврши и со склучување на договори за отплата на заостантиот долг на рати на шалтерите во Дирекцијата на претпријатието, нагласуваат оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на Бор „Водовод“ поднесе оставка, осомничен…

Градоначалникот на Бор, Александар Милекиќ денеска на…

Поради дефект МНР и зградата А1 без…

Во Министерството за надворешни работи (МНР) нема…

(Фото) Скопје влегува во 21 век: Горно…

Скопје влегува во 21 век, жителите на…

Сопиште денеска без вода

Од Водовод Скопје информираат дека населбата Сопиште…

(Видео) Мега проект на Арсовска: Ќе се…

На денешната средба во просториите на ЈП…