(Видео) Жестока дебата: Зошто Груевски сè уште има најголем рејтинг од сите политичари и кој на кого му оставил држава?

t

Груевски е влажниот сон на македонските националисти, јас сум изненаден што Апасиев нема поголем рејтинг, затоа што тој е новиот Груевски, вели во денешната епизода на Тешки муабети, Саше Ивановски

Ние како држава откако сме самостојна сме соочени со големи проблеми кои други држави ги немаа, проблемот со името, проблемот со Рамковниот договор, тие ни одземаа многу години, сега со Бугарија изгледа ќе ни земат 20 години, тие проблеми ни одземаат од фокусот и сме дезоириентирани.

Ние сме рассеана држава, затоа не можеме да го решиме судството бидејќи не сме сконцентрирани на него, мислиме на името, на Бугарија, на Косово, на Украина, па кризи… многу сме расчеречени.

Од сите тие големи проблеми се поставувапрашање како да ги решиме. Разумно и неразумно, емоционално. Разумно е да сфатиш колку ти е силата на државата и се помируваш со суровата реалност и тоа другите го сфаќаат како предавство. Сите државнички решенија биле на СДСМ, вели Ивановски.

– Вие десничарите овие 30 годии ги сфаќате како предавства, привремената референца со која влеговме во ОН, тие што не се влезени во ОН практично не се држава, тие се територија, потоа знамето, Рамковниот договор, Преспа, па се чека со Бугарија. Сите тие потези ги правевме со горчина во душата но и со храброст и визија, бидејќи сме свесни за тоа колкава ни е силата на државата, додава Ивановски според кој само СДСМ може да ја води државата без војни…

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, вели дека можеби рејтингот на Груевски е поголем од рејтинзите на останатите политичари поради тоа што за разлика од сега тој навистина работел и за разлика од СДСМ кои се експерти само за национални предавства.

– 7 години имаме зголемена инфлација, даноци, зголемена цена на живеење, меѓународно сме понижени, на прагот ме да внесме Бугари во Устав, да се поннижиме пред држава која има територијални претензии кон нас, нема нови вработувања, нема нови инвестиции и слично. Нацонализам не е нешто лош, тоа е грижа за сопствениот народ, вели Митовски.

– Косово денес е поорганизирана држава иако не е дел од ОН, не значи дека ако тогаш нне сме влегле во ОН ние не би имале просперитетна држава, јас ќе ти кажам други државотворни одлуки на СДСМ која остави 250- 300.00 луѓе на улица како приватизацијата, територијалната распределба, аферата Големо уво која беше увертира во војната на 2001, воено бевме тогаш надмоќни ама политички потклекнавме, на зелена маса нашите политичари потпишаа капитулација со што направивме еден хибрид од Устав во кој имаме статистичка референца за тоа кој какви права ќе има. Тао е дискриминаторски Устав, ако требало да се зголемат правата на етникуми требаше да има граѓански устав и сите да имаат еднакви права. Нели е дискриминаторкси кон Ромите нашиот Устав? Првиот позитивен извештај го добиваме во време на ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДПМНЕ спроведе реформи во војската, единствено што не прифати е промена на името и внесување на Бугарите во Устав. – вели Митовски кој додава дека ситуацијата е друга, сосем спротивна, односно ВМРО-ДПМНЕ остави држава за сега СДСМ да ја уништува.

Ивановски вели дека вмровциите секогаш добивале држава на готово од СДСМ и дека знаат само да се позајмуваат и да бојкотираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…