Зибери: Зголемен бројот на Албанци, намален бројот на Македонци во јавниот сектор
Констатација е дека речиси сите помалубројни заедници се застапени со речиси идентичен процент на вработени како и изминатите години, што значи дека институциите не ги почитуваат во целост препораките на Народниот правобранител, а со тоа и не ги спроведуваат одобрените годишни планови за вработување во кои е изразена етничката застапеност и спроведување на уставното начело на соодветна и правична застапеност“, изјави омбудсманот Насер Зибери, презентирајќи го Извештајот за следењето на примената на начелото за соодветна и правична застапеност на вработените во јавниот сектор за 2021 година.
Извештајот за 2021 година во целина покажувал дека имало одреден напредок во спроведување на начелото за соодветна и правична застапеност. Така што од 2007 година до 2021 година, можело да се увиди дека „застапеноста на Македонците во јавниот сектор од 83,72% во 2007 година, во 2021 година е на 72,8%, што е збирно намалување за 10,92%, додека застапеноста на Албанците во јавниот сектор од 10,8% во 2007 година, сега е 20,6%, што претставува зголемување од 9,8%“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медиуми: Историски пресврт, се вработуваат рекорден број…
Во државните институции се случува историски пресврт,…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…
Лани 2.805 Македонци добиле германско државјанство
Бројот на луѓето кои добиле германско државјанство…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…