Ги спакува: Британија ѝ врати на Албанија повеќе од 40 мигранти

t

Повеќе од 40 албански криминалци и мигранти кои се обиделе со брод да влезат во Велика Британија се вратиле во Албанија откако британската држава ги депортирала, пренесува Коха.
На меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ во Тирана на летот на МВР пристигнале 42 лица, јавува Дејли Мејл.

Некои од нив беа осудени на вкупно 89 години затвор за злосторства, вклучително и снабдување со дрога и олеснување на нелегален влез во ОК.

Министерството за внатрешни работи потврди дека 32 лица се криминалци кои биле депортирани поради тоа што се странски криминалци, додека шест се неуспешни баратели на азил, а четири лица не побарале азил.

Во известувањето се вели дека тројцата депортирани пристигнале во Велика Британија поминувајќи го Ла Манш со мали чамци.

Биле следени од британски службеници за имиграција, а на аеродромот ги пречекала албанската полиција.

Се вели дека ова е четврти лет за нешто повеќе од еден месец со кој Албанците се депортираат назад во нивната земја.

Во октомври беше објавено дека 12.000 албански државјани заминале во Велика Британија преку Ла Манш.

Минатиот месец Националната агенција за криминал предупреди дека криминалните банди спроведуваат „безобразна манипулација“ со законите за модерно ропство во ОК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…

Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…

Брачниот пар е обвинет за расистички напад…

Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…

Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!

По налог на Специјалното обвинителство против организиран…