Три лица се убиени во немирите во Париз: Се огласи и Макрон
Три лица се убиени, а четири ранети кога 69-годишен маж отвори оган на пешаци во близина на Курдскиот културен центар во центарот на Париз. Напаѓачот веднаш е уапсен, и познат на полицијата затоа што пред една година нападна мигрантски камп.
Трите лица кои се убиени, се членови на курдската заедница во Франција, јавуваат француските медиуми.
Ројтерс пренесува дека во пукањето се ранети четири лица, од кои две во критична состојба.
Според изјавите на сведоците, во моментот на нападот се слушнале осум истрели, и потоа настанал хаос.
Се огласи и претседателот Емануел Макрон кој кажа дека француските Курди денеска биле мета на напад во срцето на Париз.
„Нашите мисли се со жртвите, луѓето кои се борат за живот, нивните семејства и саканите“, напиша Макрон на „Твитер“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Францускиот МНР: Франција е решена да ја…
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро…
Пратеници од Левица остварија средба со францускиот…
ПРАТЕНИЦИ ОД ЛЕВИЦА ОСТВАРИЈА СРЕДБА СО ФРАНЦУСКИОТ…
Франција забранува пушење на сите јавни места…
Пушењето ќе биде забрането од 1 јули…
Франција со порака до премиерот: Мицкоски зема…
*Анализа на француското специјализирано списание „Le Courrier…
Гром удри во зоолошка градина во Франција,…
Во зоолошката градина во општината Ла Барбен,…