Маржите за леб, шеќер и останати основни прехранбени продукти остануваат замрзнати и по 31 декември

t

Владата на Република Македонија денеска ја одржа 115. седница.

Владата, донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, на предлог на Министерството за економија.

Со одлуката, замрзнувањето на маржите при продажбата на одредени производи, продолжува да важи и по 31 декември, односно, како што е предвидено во новата одлука, до 30 април 2023 година.

Опфатот на мерката, како и досега, продолжува да се однесува на: белиот леб, белиот шеќер и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), со 5% трговска маржа за трговците на големо (и производителите) и трговците на мало; како и за брашно од пченица – тип 400 и тип 500,  макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, јајца, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт со 10% трговска маржа за трговците на големо (и производителите) и трговците на мало.

Дополнително на тоа, Владата на Република Македонија овозможи од 1 декември оваа година домашните производители на основните прехранбени производи да користат субвенционирана електрична енергија, сѐ додека трае кризната состојба во непречено снабдување со електрична енергија.

Целта е со субвенционирана електрична енергија кај домашните производители и регулирана трговска маржа, на пазарот да има и корегирани цени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата не објави ни соопштение: Започна процедурата…

Министерот за надворешни, здравство, енергетика, генералниот секретар…

Владата одлучи Пониква да биде рехабилитациски центар…

На денешната 82 редовна седница на Владата…

ГРОМ предлага: 500.000 евра за семејствата на…

ГРОМ има целосно разбирање за револтот на…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Владата ги обвини родителите на починатите од…

Владата денеска ги обвини родителите од Кочани…