Борел: Дипломатијата преовлада во намалувањето на тензиите на северот на Косово

t

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика на Твитер напиша дека насилството никогаш не може да биде решение и го поздрави „одговорното раководство на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, како и тимската работа на ЕУ, САД и КФОР“.

Дипломатијата преовлада во намалувањето на тензиите на северот на Косово, откако вчера доцна вечерта беше постигнат договор за повлекување на барикадите што косовските Срби ги поставија на патната инфраструктура на северот на Косово.

Ова денеска го изјави високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Борел на Твитер напиша дека насилството никогаш не може да биде решение и го поздрави „одговорното раководство на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, како и тимската работа на ЕУ, САД и КФОР“.

„Благодарам на сите вклучени. Сега ни треба итен напредок во дијалогот“, изјави Борел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Од 15 ноември до 15 март…

Од 15 ноември почна законската обврска за…

Бајден за потегот што го загрижи Кремљ:…

Поранешниот американски претседател во книгата „Ветувај ми,…

Тежок удар врз Кримскиот мост: Аналитичар проценува…

Автомобилскиот дел од Кримскиот мост би можел…

Горивата поевтинија, дизелот се продава за 92…

Од денеска, 17 ноември, важат пониски максимални…

Ова е иранецот кој ги координирал терористите!…

Петмина македонски државјани се уапсени во Македонија…