Во серија полициски акции запленети преку 6.000 парчиња пиротехника
Во неколку акции на полицијата се запленети речиси 6.200 парчиња пиротехника.
Вчера во 14:50 часот на пазарот во Драчево – Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода С.Е.(51) од Скопје. При контрола на неговата тезга биле пронајдени и одземени 1.150 парчиња разновидни пиротехнички средства. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.12.2022 во периодот од 17 до 21 часот, при преземање службени задачи, полициски службеници од СВР Тетово на плоштадот во Тетово, на влез на трговски центар, пронашле околу 4.100 парчиња разновидни пиротехнички средства. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 28.12.2022 во 22:20 часот кај место викано „Дупки“, при преземање службени дејствија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север пронашле 940 парчиња разновидни пиротехнички средства. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се подтготвува формирањето на Бекташката држава во…
Подготовките за создавање на суверена држава на…
Македонија пред нов, екстремно топол бран
Од четврток (20 август) па сѐ до…
Иран најави договор со Оман за безбеден…
Иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас…
Германците се сомневаат дека претседателката на Словенија…
Откако австриската новинска агенција АПА и словенечкиот…
Лондон: Стоиме зад Украина и продолжуваме да…
Велика Британија изјави дека стои зад Украина…