Објавено на:

(Фото) Траги-комедија: Во Киев падна дрон со честитка “Среќна Нова година”

t

На дрон што синоќа го погодил Киев, наводно пишувало „Среќна Нова Година”, објави Киев пост, пренесувајќи фотографии од началникот на киевската полиција.

Бројни експлозии се слушнаа во Киев и други места ширум Украина, а сирените за воздушни напади плачеа низ целата земја во првите неколку часа по полноќ на Нова година.

Парчиња од проектили уништени од украинските системи за противвоздушна одбрана оштетија автомобил во центарот на главниот град, но нема повредени или жртви, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Градската воена управа на Киев соопшти дека се уништени 23 „воздушни објекти” лансирани од Русија. Нападите уследија неколку минути по новогодишната порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во која тој и посака победа на својата земја во војната која трае веќе 11 месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија го бомбардираше Киев како одмазда за…

Русија активираше интензивен ракетен напад и напад…

Путин го повика Киев на директни преговори…

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика Украина…

Кос: Ако треба да чекаме со Украина…

Во некои аспекти, регионот беше подобар пред…

12 лица загинаа во руски напад на…

Русија денеска изврши голем напад со дрон…

Украина бара извинување од „Фокс Њуз“ кој…

Украина денеска ја повика телевизијата „Фокс Њуз“…