Британски “Тајмс”: Светот ќе се измори од Украина во 2023 година, ретко кој ќе продолжи да ѝ помага
Британски „Тајмс“ смета дека на Западот во 2023 година „ќе се измори од Украина“. Во овој поглед, администрацијата на Володимир Зеленски би можела повторно да започне кампања за да ги убеди своите сојузници да продолжат да ја финансираат, пишува украинскиот весник „АиФ“.
Според авторот на статијата, професорот Марко Галеоти, кој има напишано повеќе од 20 книги за Русија, во Украина се свесни дека парите наменети за армијата наскоро би можеле да им бидат потребни на западните земји за други работи.
Еден од украинските дипломати, пишува Галеоти, признал дека е загрижен оти во време на економски тешкотии, европските и американските гласачи би можеле да бараат буџетските средства да се трошат за внатрешни проблеми.
Еден таков „алармен ѕвон“ за Украина беше одлуката на британскиот премиер Риши Сунак да спроведе проценка на влијанието на воената помош за Киев врз вооружениот конфликт со Русија. Тоа беше објавено во средината на декември. Во превод од јазикот на меѓународната политика, Британците решија да побараат од Киев извештај за тоа каде се потрошени 3,57 милијарди долари воена помош.
„Тајмс“ претпазливо посочува дека Володимир Зеленски, кој се најде на позицијата врховен командант, не е добро упатен во воените работи. Пред една година, на 1 јануари 2022 година, се сеќава Марк Галеоти, претседателот на Украина ги минимизираше опасностите од почетокот на конфликтот и се подготвуваше да оди на скијање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ: Украина има законко право да се…
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…