Бадник и Божиќ: Најрадосни денови за народот, денови за благослов и благодарност
Бадник се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Бадник се слави еден ден пред Божиќ и со коледарските огнови и со малите деца коледарчиња се најавува Рождеството Христово.
Бадник претставува ноќ на мирот, радоста и на сплотеноста. Овој празник е поделен на два дела – периодот од полноќ до пладне на 6 јануари е Коледе, а од пладне до полноќ се слави Бадник.
Бадник паѓа на 6 јануари секоја година, а Божиќ на 7 јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден — Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и божиќните пости.
Божиќ е најрадосниот празник за Македонците. Првиот ден е секогаш 7 јануари и се празнува три дена. Луѓето се поздравуваат со: „Христос се роди!“, а се отпоздравуваат со: „Навистина се роди!“
Македонскиот народ со многу внимание и почит го празнува Божиќ, кој започнува да се слави со Бадник.
Денот наспроти Божиќ се празнува со низа обичаи. Со традиционална бадникова посна трпеза, со желби за многу здравје, среќа и бериќет во претстојната година и годинава православните христијани ќе ги дочекаат божикните празници, претежно во кругот на најблиските.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и…
Ви благодарам на сите за присуството. Го…
Сиљановска-Давкова им го честиташе Божиќ на граѓаните:…
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска упати…
Путин им го честиташе Божиќ на православните…
Рускиот претседател Владимир Путин рано утринава присуствуваше…
Сиљановска-Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански…
Верувања за Бадник – ништо не треба…
Веселите, распеани коледарчиња го најавуваат бадниковото утро.…