Тасевски: Ништо ново во Новата. Исто глупави и примитивни ко 33 години наназад
Ништо ново во Новата.
Некој наш убил волк кој му дошол дома, па беше нападнат од други волци од невладините, оти им го убил братчето.
Требало да го остави волкот да му изеде некое дете, вака е садист оти убива животни.
Ноне се сликала со елка. Можела да се качи на неа и да биде лампион, ама не и текнало.
Масовни тепачки по кафани за Новата. Го згазна на чевелот, му ја погледнал девојката во оро, оти оваа имала деколте до пупак, па цицката и испаднала. Додуша гледале сите во неа, али еден наебал, кој најупорно блеел во цицката. Други се степале оти некој нарачал погрешна песна. Четврти се тепале за паркинг место, на доаѓање во ресторанот. А бе се слави. Таков е денот.
Српска певаљка кренала нога во наша кафана и замислете не носела гаќи. Па да носела, немала да крева нозе. И ова е ударна вест.
Скопје за Новата имаше помалку атмосфера од Марс. На повесели погреби сум бил.
Црнине дупки појше светеа од Скопје.
Некои ауспуси кои славеле дома си викнале Дедо Мраз облечен во розово. Дедо Мразов буљо од Лапонија и стриптизерка. Играл и на тераса.
Пак со вирус грип влеговме во Новата. Ршум прави. Пак ли ќе се умира? Али замислете, овој не го викаат ковид. Па може и ќе се спасиме некако. Дека не е ковид. А може ќе треба пак да,се дупиме… со вакцини.
Лекови за тешко болните од цистична фиброза, нема. Тендерот за лекови за болните од рак ќе биде… можеби у мај. Нека заврши пола од Новата, да заврши славењето и ќе биде.
Уште еден лош знак. Ја пречекаме Новата во магла. Каква магла. Каде гледате магла.Ова не е магла. Ова е пичкин дим во споредба со маглата во која живееме 33 години.
Ама битно сме во Новата. Исто глупави и примитивни ко 33 години наназад.
(фејсбук статус на Сашо Тасевски)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен…
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…
Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде отворен…
Привршуваат активностите за темелна и енергетски ефикасна…
Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување…
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…
Јанев за бегството на Ива Михаилова: Работиме…
Директорот на БЈБ, Александар Јанев денеска на…
Благодарница за министерот Ристовски за поддршката и…
Во име на организаторите на Скопскиот маратон,…