Од утре почнуваат консултациите со сите страни за уставните измени
Шефот на дипломатијата Бујар Османи најави дека формално започнува со иницијатива уште веднаш да почнат консултациите со политичари, ескперти и невладиниот сектор за да се чујат аргументите „за“ и „против“ уставните измени. Доколку до ноември не се исполни овој услов, како што кажа на последниот брифинг со новинарите, стравува од „црногорско сценарио“ во земјава и можен прекин на преговорите со ЕУ.
-Не треба да губиме време во процесот на уставни измени, затоа што мојот страв е дека ако нè фати ноември без завршени промени на Уставот, ќе прекинат преговорите и ќе го изгубиме моментот. А губењето на моментот е една од најлошите работи што може да ви се случи на европскиот пат. Се плашам дека ќе влеземе во некакво си „црногорско сценарио“, после што ќе биде многу тешко да се вратиме, изјави Османи.
Министерот за утре најави средба со премиерот и претседателот на која ќе се разговара дали Виктор Димовски ќе замине како амбасадор во Париз, како и за 14 други негови предлози за амбасадорски места, но не е исклучена можноста да се разговара и за уставните измени.
Утре е првиот работен ден и за пратениците, но дали темата за уставни измени ќе се најде на редовната координација на првите луѓе на пратеничките групи со собранискиот спикер Талат Џафери е неизвесно. Првата собраниска седница за годинава е планирана за задутре кога на дневен ред е ратификацијата на Договорот со Фронтекс, кој исто така е дел од францускиот договор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИРАН: „ЌЕ…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен…
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…
Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде отворен…
Привршуваат активностите за темелна и енергетски ефикасна…
Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување…
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…
Јанев за бегството на Ива Михаилова: Работиме…
Директорот на БЈБ, Александар Јанев денеска на…