(Фото) Скопје никогаш не било почисто: ЕКИПИТЕ НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ СО ВОНРЕДНИ ПРАЗНИЧНИ АКТИВНОСТИ НА ПЛАНИНАТА ВОДНО

t

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведоа вонредни активности на Средно Водно, како и во реонот на Милениумскиот крст и Планинарскиот дом на врвот на планината Водно, во чиишто рамки се собрани и транспортирани приближно три кубни метри отпад.

„И покрај тоа што садовите за одлагање на отпадот поставени на планината Водно вообичаено се празнат во вторник, ЈП Комунална хигиена-Скопје, со дваесет работници на терен, денеска реализираше вонредни активности при што беше извршено празнење на корпите наменети за ситни отпадоци лоцирани на Средно Водно, како и корпите и кантите околу Милениумскиот крст и Планинарскиот дом. Активностите ги спроведовме со крајна цел – одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата на една од најфреквентните локации наменети за одмор и рекреација на жителите на градот Скопје.“-изјави директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…

Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде отворен…

Привршуваат активностите за темелна и енергетски ефикасна…

Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…

Јанев за бегството на Ива Михаилова: Работиме…

Директорот на БЈБ, Александар Јанев денеска на…

Благодарница за министерот Ристовски за поддршката и…

Во име на организаторите на Скопскиот маратон,…