(Видео) Да го направиме популарен: На големиот христијански празник ги учи децата да палат библија

t

О, СВЕТА ПРОСТОТИЈО! – извикал протестантскиот реформатор Јан Хус кога бивал спален на клада, зашто една жена „побожно“ пристапила, фрлила дрво во оганот во кој горел тој, се прекрстила и си заминала.

Вчера такви „правоверни“ зилоти снимале видео како заедно со своите деца палат детски Библии затоа што биле протестантски, еретички, секташки. Во видеото, кога не се пали веднаш Библијата, дури вели: „Од клетите е, нејќе ни да гори“. Еден куп други на објавата исто така повикуваат да се спалат, искинат или закопаат Библиите.

Два моменти се многу важни тука:

1. Библиите за млади иако се од протестантски автор и се финансирани од протестантска мисија се со препорака т.е. благослов на Архиепископот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан. Содржината е проверена од Богословскиот факултет. Библиите се делат од страна на православни свештеници, во православни цркви после литургија. Библиите се подарок, кој сака може да земе, на сила никому не се натураат.

2. Донацијата од 225.000 вакви Библии беше предадена во целост на МПЦ-ОА, ниту една протестантска црква не доби ниту една ваква Библија. Единствено јас (по друг канал) успеав да добијам неколку стотини примероци за нашите деца и млади, што значи скоро секоја ваква Библија е во циркулација благодарение на МПЦ-ОА. Оттука, глејте апсурд, дечињата и младите од протестантските цркви кои радо би ги читале, не добија ниедна, додека дел од тие што ги добија сите, ги палат или фрлаат.

Ова е тој неразумен зилотизам, односно нехристијанска ревност во христијанските конфесии, ревност што заслепена од омразата кон другиот е спремна на палење Библии, цркви, а не дај Боже и луѓе…

Објавава нема за цел и нема да дозволам да биде употребена за напаѓање на оние што поттикнуваат кон вакво нешто или оние што го извршиле ова нешто, туку е тука да се вразумиме и покаеме, а притоа да останеме на Христовите зборови „Прости им Господе, не знаат што прават“.
Господи помилуј.

Ајде да го направиме популарен овој „татко“ што ги учи децата да палат Библии за деца – испечатени со благослов и предговор на архиепископот г-дин г-дин Стефан, стои во објавата на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…

Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде отворен…

Привршуваат активностите за темелна и енергетски ефикасна…

Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…

Јанев за бегството на Ива Михаилова: Работиме…

Директорот на БЈБ, Александар Јанев денеска на…

Благодарница за министерот Ристовски за поддршката и…

Во име на организаторите на Скопскиот маратон,…