Агелер им се обрати на пратениците за уставните измени: Треба да се случат час поскоро – „Ги поттикнуваме водството и избраните функционери да постапуваат во интерес на нивните граѓани“
Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, на прес-конференцијата со министерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод почетокот на претседавањето на Македонија со Јадранската повелба на прашањето кој е ставот на САД по однос на уставните измени истакна дека пристапувањето кон Европската Унија е од клучно значење за Македонија и нејзните граѓани.
Таа потенцираше дека го поттикнува водството и избраните функционери да постапуваат во интерес на нивните граѓани, односно дека уставните измени треба да се случат час поскоро.
-Тоа е важно прашање. И примарно тоа е важно прашање за раководството на Македонија. САД го поддржува придвижувањето кон евроатлантската интеграција како една долгорочна цел на оваа земја и сме неверојатно задоволни со пристапувањето кон НАТО и веруваме дека пристапувањето во Европската Унија е од клучно значење и ќе има клучни придобивки за оваа земја. И ги поттикнуваме водството и избраните фунцкионери да постапуваат во интерес на нивните граѓани и да постапуваат што е можно побрзо и да ги направат сите можни измени кои што ќе овозможат на пристапниот пат кон Европската Унија. Знаеме дека ова се тешки одлуки за граѓаните на оваа земја. Граѓаните на оваа земја веќе имаат донесено многу тешки одлуки меѓутоа ние поддржуваме се што ќе ви овозможи придвижување кон тој пат, вели Агелер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангелов: Ја изгубивме контролата над пожарот во…
Центарот за управување со кризи известува дека…
Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…
Царинските управи на Македонија и Косово во…
Американски воен транспортен авион слета во Москва,…
Американски воен транспортен авион утрово слетал на…
15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…
Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…
Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…