(Фото) Високите претставници на Руската црква дојдоа кај поглаварот на МПЦ – разменија мислења за актуелните состојби во православниот свет
На 11 јануари Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во својата резиденција во Скопје го прими Претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија митрополитот Волоколамски Антониј, кој пристигна во Македонија во работна посета со благослов на Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија Кирил.
На средбата присуствуваа членовите на Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Секретарот на Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, епископот Хераклејски г. Климент. На средбата присуствуваа и советникот на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил протоереј Николај Балашов, Заменик-претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија протоерејот Игор Јакимчук, поглаварот на подворjе на Руската православна црква во Софија архимандритот Васијан (Змеев) и помошникот на претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија свештеникот Александар Ершов, кои го придружува на патување митрополитот Волоколамски Антониј, како и Вонредниот и Ополномоштен Амбасадор на Русија во Северна Македонија Сергеj Баздникин.

Митрополитот Волоколамски Антониј на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан му ги пренесе поздравите и топлите желби на Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија Кирил, уште еднаш честитајќи му на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридската архиепископија за доделувањето на канонската автокефалност.
Во атмосфера на љубов и братско разбирање, учесниците на средбата разменија мислења за актуелните состојби во православниот свет, разговараа за перспективите на развој на односите меѓу Московската патријаршија и Македонската православна црква – Охридската архиепископија, а се осврнаа и на низа други теми од заеднички интерес.
На крајот од средбата, страните разменија сувенири.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот…
На Венко Филипче и СДС не може…
Mицкоски: Вештачката интелигенција повеќе не е тема…
Вештачката интелигенција, енергетските системи, дата центрите и…
Путин по заканите од Естонија за војна:…
Рускиот претседател Владимир Путин со потсмев одговори…
ТРАМП ГО ОДБИ ИРАНСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ПРИМИРЈЕ:…
# ТРАМП ГО ОДБИ ИРАНСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА…
Мицкоски од ОН: Миграцијата не започнува на…
Светот мора поинаку да пристапи кон миграцијата…