Ексклузивно: Познат идентитетот на грабнатиот затвореник од Идризово – Бил осуден на 20 години, грабнувачите пукале во едниот полицаец!
Официјално, еден од затворските службеници кои го превезувале грабнатиот затвореник од затворот Идризово е застрелан во инцидентот кој се случи кратко после полноќ вечерва.
Напаѓачте биле вооружени, го застанале комбето со патничко возило “ауди” со сива боја, под закана го одземале оружјето на двата службеници и со службеното оружје е застрелан еден од полицаците.
Како што дознава Инфомакс, станува збор за затвореникот со иницијали М.Б од Тетово кој во затворот Идризово издржувал казна за убиство во висина од 20 години.
Повредениот службеник е префрлен во болница, пукано е во него во нога и за среќа нема човечки жртви во немилиот настан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
Затвореници од „Идризово“ барале стотици евра од…
На 24.05.2025 СВР Струмица до Основното јавно…
На 37 обвинети за „Адитиви“ ќе им…
Кривичниот суд го закажа судењето за случајот…
Фатен бегалец од „Идризово“
Полицијата фати бегалец од затворот „Идризово“, информираа…
Се степале затвореници во Идризово
На 05.03.2025 во 15.40 часот во СВР…