Германската полиција застрела Хрват: Ги нападнал со нож и велел дека е Исус
Германската полиција го застрелала 46-годишниот Хрват Роберт Б., бидејќи со нож во рака се стрчал кон полицајците. Иако се обиделе да го спречат, на крајот немало начин да се избегне фаталната ситуација. Непријатниот инцидент се случил во Мосбах во попладневните часови во петокот, пишува Билд.
Човекот, кој германските медиуми го идентификуваа како Хрват, претходно и се заканувал со нож на својата поранешна партнерка, поради што била повикана полиција. Смртоносниот истрел бил испукан од полицијата во петокот, изјави портпаролот на Државната криминалистичка полиција (ЛКА).
Околу 13 часот, неколку сведоци пријавиле маж „кој очигледно бил во лоша психичка состојба и бил вооружен со нож“, соопштија властите. 46-годишниот маж со нож им се заканувал на полицајците. Полицајците со солзавец се обиделе да го спречат мажот, но не успеале, па полицаецот, според полицијата, го употребил службеното оружје. Иако се обиделе да го спасат, тој на лице место им подлегнал на повредите.
Инспекторите рекоа дека тој е пријавен во полиција, меѓу другото и за семејно насилство. Како што дознава „Вечерњи“, тој бил на психијатриско лекување“.
Соседката Гулбер Д.(68) добро го познавала Хрватот и неговото семејство и се уште е во шок.
„Доаѓав од работа, штотуку излегов од автобусот кога го видов Роберт. Во десната рака држеше нож, двете раце беа испружени и зборуваше библиски стихови. Разговарав со него, сакав да го смирам, но тој не ме послуша. Не беше при здрав ум. Викаше: „Ништо не може да ми се случи. Јас сум Исус“. Се плашев дека ќе направи нешто на бившата партнерка и нивните две деца. Тој беше многу лут на неа. Затоа повикав полиција“, изјави таа за медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…
30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…
Во пакет на DHL пронајден бел прав…
Најмалку 12 лица се повредени откако во…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…