Бронзен медал за македонскиот каратист Трајковски на Светската карале лига
Македонскиот каратист и член на клубот Макпетрол, Витомир Трајковски, освои бронзениот медал на Карате 1 Серија А во Атина.
Трајковски во борбата за третото место го совлада Црногорецот Никола Маловиќ со 5:0.
Ова е 45-ти медал за Макпетрол од досегашните повеќегодишни учества на Светската карате лига, а прво одличје оваа година.
На патот до брнзениот медал Трајковски извојува пет победи, а за влез во финалето загуби минимално од Гркот Константинос Мастрогијанис со 1:0. Шестата победа беше во директната борба за бронзениот медал со Маловиќ.
На Карате 1 Серија А во Атина настапуваат 1116 натпреварувачи од 75 држави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонскиот каратист Витомир Трајковски обезбеди финале на…
Македонскиот каратист Витомир Трајковски се пласираше денеска…
Берат Јакупи балкански вицешампион во карате
Македонскиот каратист Берат Јакупи викендов го освои…
Македонскиот карате-тим се враќа со бронза од…
Сениорскиот карате-тим на Македонија се закити со…
Немало таква држава: Шпанија забрани настап на…
Косовската карате репрезентација нема да може да…
Бронзен медал за македонскиот каратист Трајковски на…
Македонскиот каратист и член на клубот Макпетрол,…