Објавено на:

Македонија Светското првенство ќе го заврши на 27. или 28. место

t

Денес македонската репрезентација беше поразена од Тунис и со тоа стана јасно дека не можеме да го освоиме „Президент купот“ кој е разигрување за од 25. до 32. позиција.

Тоа што не можеме да го освоиме значи дека Македонија не може да биде рангирана како 25-та репрезентација. Тунис сега има четири бода во групата и не може да биде симнат од првата позиција и тој сигурно е патникот од нашата група во натпреварот за тоа 25-то место.

Максимомот во овој момент за Македонија е 27-то место на шампионатот. За да се избориме за натпревар за 27-то место потребно е да не изгубиме од Мароко во натпреварот кој се игра в понеделник од 18:00 часот. Мароко како и нашата репрезентација има два бода, но нашата гол разлика е многу подобра.

Во натпреварот за 27-место би играле против поразениот од натпреварот Чиле – Јужна Кореја. Најреална опција во овој момент за Македонија е дека на крајот ќе завршиме како 27-ма или 28-ма репрезентација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 100 пациенти дневно на Инфективното во…

Повеќе од 100 пациенти дневно се прегледуваат…

Драма во Кисела Вода: 32 годишник натепал…

Синоќа во 20:55 часот во СВР Скопје…

(Видео) Автомобил се судри со авион на…

Возило за копнени услуги, „Фиат Панда“, се…

15-годишник на социјалните мрежи објавил експлицитни фотографии…

Вчера во СВР Скопје 36-годишна жена пријавила…

Нема податоци за стомачни проблеми од водата…

Немаме податоци дека некој има гастроинтестинални тегоби…