Лидерот на чешката опозиција добил заканувачко писмо со куршуми во него
Претседателскиот кандидат и лидер на најсилната чешка опозициска партија АНО Андреј Бабиш денеска на вонредна прес-конференција соопшти дека на 19 јануари добил писмо во кое имало куршум и закани упатени до неговата сопруга Моника.
„Телохранителите ми предадоа писмо кое беше наменето за мојата сопруга Моника. Во пликот имаше куршум и анонимна порака полна со навреди“, рече Бабиш.
Бабиш се заблагодарил на полицијата за брзата реакција и додал дека е покрената истрага за овие закани, пренесува порталот iDNES.cz.
Претседателскиот кандидат и пензиониран генерал на НАТО Петр Павел, кој ќе се бори со Бабиш за гласови во вториот круг од претседателските избори во Чешка на 27 и 28 јануари, го осуди инцидентот, но не ја пропушти можноста да го критикува својот противник.
„Ги осудувам говорот на омраза и заканите упатени до Андреј Бабиш“, напиша Павел на Твитер и додаде дека атмосферата е тензична пред се поради „анти-кампањата предводена од Бабиш“, пренесува Танјуг.
Павел го повика Бабиш „да ги симне билбордите кои им се закануваат на луѓето со војна“ и да започне „цивилизирана кампања“.
Веднаш по објавувањето на резултатите од првиот круг од претседателските избори, одржан на 13 и 14 јануари, Бабиш го спореди Певал, кој постигна блага предност, со претседателот на Русија, Владимир Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…
Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…
Британски „Индипендент“ за Андреј од ДНК: Умре…
Угледниот британски весник „Индипендент“ посвети поголем текст…
Монструм од Чешка држел окована жена 3…
Возачот на камион Карел Н., попознат како…
Шест лица загинаа во експлозија во ресторан…
Шест лица загинаа во експлозија на плинска…
Апел за помош: Подарете му на Андреј…
Андреј е четиригодишно детенце кое од две годишна…