Само во Скопје МВР казни 157 возачи изминатото деноноќие: Возеле брзо, без возачка и под дејство на алкохол
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за користење мобилен телефон…
МВР информира дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…
Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…
За еден месец, македонската полиција запленила 97…
Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…
Пазарните инспектори за една недела наплатија казни…
Во период од 07.09.2026 до 13.09.2026 година,…
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…