ЕРДОГАН: Шведска нема да види поддршка од Турција за влез во НАТО

t

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Шведска не треба да очекува поддршка од Анкара за влез во НАТО по протестите на антиисламските активисти и прокурдските групи во Стокхолм.

Ердоган го осуди саботниот протест, во кој беше запален Куранот, светата книга на исламот, велејќи дека тоа е навреда за сите, особено за муслиманите, и ги критикуваше шведските власти што дозволија демонстрациите да се одржат пред турската амбасада во Стокхолм.

Тој, исто така, ја критикуваше Шведска за прокурдските протести каде демонстрантите вееја знамиња на различни курдски групи, вклучително и Курдската работничка партија, чии симболи не се забранети во Шведска, иако е означена како терористичка група во ЕУ, САД и Турција. .

-Ќе дозволите терористичките организации да дивеат и потоа да ја очекувате нашата поддршка за влез во НАТО. Тоа нема да се случи, рече Ердоган.

Тој додаде дека Шведска „нема да види никаква поддршка” од Турција за прашањето за влез во НАТО „ако не покаже почит” кон Турција или муслиманите.

Шведска, како и Финска, аплицираше за членство во НАТО минатата година, напуштајќи ја децениската политика на воена неутралност, откако Русија ја нападна Украина. Турција и Унгарија се единствените две членки на НАТО кои го немаат ратификувано протоколот за пристапување на овие земји во Алијансата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Глутница кучиња нападнала маж во Ѓорче Петров,…

Жители на улицата „Македонска војска“ во скопската…

Прскање против комарци во пет општини во…

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион…

Продолжува судењето за „Онкологија“, тројца лекари на…

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска…

ДУИ: Влен ја претвора „Бардовци“ во семеен…

Уште еден скандал излегува на површина под…

Проданоски: Ниту едно подрачно училиште во Прилеп…

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира…