БРИТАНЕЦ „ОЛЕСНИЛ“ ФИРМА ОД ПРОБИШТИП ЗА 425.000 ЕВРА! Ѝ испратил лажна банкарска сметка за уплата

t

Оштетеното правно лице извршило плаќање во износ од 425.653 евра кон банкарската сметка на второпријавениот, наместо на вистинскиот добавувач, се вели во пријавата од СВР Штип.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.Т.С.(21) од Велика Британија, правно лице од Велика Британија и A.A.A.(44) од Велика Британија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама”.

Првопријавениот, одговорно лице во правното лице и третопријавениот извршиле промена на компјутерски податоци, со што предизвикале невистинит резултат при пренос на податоци. Преку електронска порака, до оштетеното правно лице од Пробиштип, испратиле лажни банкарски инструкции за меѓународно плаќање, врз основа на кои оштетеното правно лице извршило плаќање во износ од 425.653 евра кон банкарската сметка на второпријавениот, наместо на вистинскиот добавувач. На тој начин тие причиниле вкупна материјална штета од 425.653 евра на правното лице од Пробиштип, соопшти СВР Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“,…

Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните…

(Видео) Барбов потврди дека Заев му се…

Лошо го спремале докторот во партијата затоа…

ОН предупредуваат на голема прехранбена криза во…

Обединетите нации, според првичните информации, предупредуваат на…

Бугарскиот пратеник Ивајло Мирчев: Путин веќе напаѓа…

Бугарскиот пратеник Ивајло Мирчев: Путин веќе напаѓа…

Дали Филипче и Заев се пазареле со…

Случајот со Ива Михаилова ја потврдува тезата…