Абрамович ќе ѝ донира на Украина 2,3 милијарди фунти од продажбата на Челси
2,3 милијарди фунти од продажбата на „Челси“ ќе бидат префрлени на фондација во Украина, пренесува британски „Телеграф“. Тоа ќе биде една од најголемите добротворни донации за воените жртви во историјата.
Роман Абрамович доби 4,25 милијарди фунти пред 8 месеци кога го продаде фудбалскиот тим. Парите се на санкционирана сметка. Сепак, британската влада и Абрамович постигнаа договор за деблокирање на дел од парите и предавање на фондацијата што ќе ја предводи поранешниот извршен директор на УНИЦЕФ-Велика Британија, Мајк Пенроуз. Новата фондација ќе работи во Украина и прво треба да биде одобрена од Комисијата за добротворни цели. За да стигнат парите во Украина, мора да има одобрение и од ЕУ.
Абрамович беше тој што имаше идеја да создаде фондација. Тој предложи да се создаде кога започна војната на Русија против Украина и тој беше под санкции. „Парите ќе одат во фонд за помош на жртвите од воените дејствија во Украина“, изјави вечерва Роман Абрамович.
Деталите за одборот и проектите на добротворната организација ќе бидат изложени во текот на следните две недели. Се верува дека Пенроуз бил во постојан контакт со владата на Украина и дека поминал дел од 2022 година во Киев. Некои „светски познати“ хуманитарни и деловни директори се очекува да се приклучат на независен одбор кој ќе го надгледува протокот на средства. Мал дел од парите беа ослободени кон крајот на минатата година за да му овозможи на Пенроуз да ангажира адвокати и специјалисти за добротворни цели кои ќе му помогнат во правната рамка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…
Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…
Зеленски: Европа не може да ја спаси…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Европејците…