Ердоган: Испраќањето тенкови не придонесува за решавање на украинскиот конфликт
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека испораката на тенкови во Украина нема да донесе решение за конфликтот.
„Не можам да кажам дека верувам дека испраќањето тенкови е чекор кон решавање на украинската криза“, изјави Ердоган за турската телевизија ТРТ.
Тој посочи дека очекува западните земји да ги поддржат повиците на Анкара за преговори меѓу Русија и Украина, пренесува ТАШ.
Ердоган оцени дека вооружувањето на Украина претставува „ризичен чекор“ кој носи профит за трговците со оружје.
Минатата недела, САД ветија дека ќе испратат 31 тенк „М1 Абрамс“ во Украина, додека Германија потврди дека ќе пренесе 14 тенкови „Леопард 2“ во земјата.
Норвешка, Словачка, Велика Британија, Полска и Франција, исто така, ветија дека на Украина ќе и обезбедат тенкови од западно производство.
Киев очекува дека во првата тура ќе добие до 140 тенкови од 12 земји .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпанија во жалост: 69 загинати во судир…
Бројот на загинати во железничката несреќа во…
Студентската листа бара оставки и пријавување на…
Претставници на Студентската листа и на студентите…
Брнабиќ: Претседателските избори ќе ги распишеме до…
Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна…
(Видео) Масовни протести во Италија: Десетици илјади…
Инспирирани од бранот слични протести низ остатокот…
Карни: Канада ќе учествува во заемот на…
Канадскиот премиер Марк Карни денеска изјави дека…