Членовите на македонскиот клуб во Благоевград: Досега никој не ни се заканувал лично

t

За Македонската телевизија членовите на македонскиот клуб во Благоевград кој беше мета на вандали велат дека четири месеци откако е отворен, немале закани ниту проблеми во работата. Се чувствуваат безбедно и чекаат надлежните да ги откријат сторителите.

„Штетата е направена со два големи камења на влезната врата и предното стакло на клубот. Јас дојдов да видам рано околу 6 часот и 30 минути и не влегов во клубот оти видов дека е каменуван. Потоа зедов некои важни документи. Клубот не е обезбеден од полицијата и во него може да се влезе. Без полицијата да го реши случајот и да најде кој е виновен, ние немаме средства да го поправиме и повторно да го отвориме“, вели за МТВ Јордан Грозданов, од Македонски културен клуб-Благоевград.

Членовите на македонскиот културен клуб сметаат дека е правилно што вчера не беа пуштени бугарски државјани да влезат во Македонија.

„Според мене е правилно од гледна точка што тие луѓе што не ги пуштија се неодговорни затоа што зборуваат невистини и без никаков обѕир. Така што, недозволувањето да влезат во Македонија е еден сигнал за тие луѓе да си направат ревизија на своето однесување“, смета Атанас Мазнев, од Македонски културен клуб-Благоевград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВРЕДИ: Очекуваме Минчев да ги поништи огласите…

Кадрите на ЗНАМ имаат погрешна проценка дека…

(Видео) Ново видео од пцовките на Даку…

По обидот за извинување од страна на…

И клубот на Даку разочаран од неговото…

Главна тема во регионот од вчера е…

Заев: И Македонците и Грците сме Европејци

„Наште општества и нашите луѓе, Македонците и…

(Видео) Грчки пратеник: Македонците од „Северна„ Македонија…

Пратеникот на грчката опозициска партија СИРИЗА, Теофилос…