И Курти попушта: Го прифаќаме предлогот на ЕУ за дијалог со Белград

t

Косовскиот премиер Албин Курти, по средбата со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, соопшти дека Косово го прифаќа предлогот на ЕУ за нормализација на односите.

Курти во објава на Твитер изјави дека имал добра дискусија со Лајчак.

Добра размена на мислења со специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак на работниот ручек во Приштина. Го прифаќаме предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија и го сметаме за добра основа за понатамошна дискусија и солидна платформа за напредок“, потенцираше Курти.

Тој додава дека за одредени прашања за меѓународните гаранции, механизмите за имплементација и тајмингот ќе се разговара наскоро, на преговорите во Брисел.

Демократските концепти со европска ориентација ни даваат надеж“, додаде Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…

Загина 19-годишен возач во Србија, со автомобилот…

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево кај…

„Тешки сме Драгане“: Заглави автобусот со кој…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…

Петковиќ удри по Бакојани: СРАМ ДА ВИ…

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…

Македонија е држава која во Србија секогаш…

Мандатарот на новата српска влада Милош Вучевиќ…