ЕУ ќе организира донаторска конференција за Сирија и Турција

t

ЕУ планира во март да организира донаторска конференција за да се мобилизира меѓународна помош за Сирија и Турција за справување со катастрофалните последици од земјотресите што ги погодија двете земји, соопшти шефицата на ЕУ Урсула фон дер Лајен.

– Сега се тркаме со времето за да спасиме животи заедно. Наскоро ќе обезбедиме хуманитарна помош, заедно. Турција и Сирија можат да сметаат на ЕУ, напиша фон дер Лајен на Твитер. Таа информира дека домаќини на конференцијата ќе бидат таа и Улф Кристерсон, премиерот на Шведска која во моментов претседава со Унијата.

ЕУ соопшти дека конференцијата ќе се одржи на почетокот на следниот месец во Брисел во координација со турските власти „за да се мобилизираат средства од меѓународната заедница за поддршка на народите“ на двете земји.

– Никој не треба да биде оставен сам кога таква трагедија ги погодува луѓето, истакна Фон Дер Лајен.

Настанот ќе биде со цел да се координира меѓународниот одговор на катастрофата и „ќе биде отворен за земјите-членки на ЕУ, соседните земји, членките на ОН“ и меѓународните кредитори, соопшти Унијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…

Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…

Сенатот на САД го усвои Законот за…