Објавено на:

Хакери ги нападнаа веб-страниците на НАТО

t

Организацијата на Северноатлантскиот договор потврди дека сајбер инцидентот влијаел на работата на нејзините веб-страници.

„Сајбер експертите на НАТО активно работат на инцидент кој погоди некои веб-страници на НАТО. Алијансата редовно се справува со сајбер инциденти и многу сериозно ги сфаќа таквите безбедносни закани“, изјави претставник на Алијанса за ДПА, пренесува Хина.

Причина за изјавата се објавите на социјалните мрежи во кои се наведува дека проруски хакери ја нападнале веб-страницата на Штабот за специјални операции на НАТО (NSHQ), која привремено стана недостапна.

Хакерска група „Килнет“

Во најавите се наведува дека во нападот, меѓу другото, учествувала и руската хакерска група „Килнет“.

Оваа група беше поврзана и со други неодамнешни напади, во кои цел беа страниците на германскиот Бундестаг и полицијата.

НАТО не објави дополнителни детали за инцидентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

Романскиот претседател повика на посилен надзор на…

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…

Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…

Интензитетот на нападите во Црното Море се…

Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…

Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…