Објавено на:

(Видео) Во борба со времето: Двајца мажи спасени по 198 часа под урнатините, спасувачките акции наскоро ќе престанат, нов силен земјотрес во Турција

t

Деветти ден од катастрофалниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија. Повеќе од 36.000 луѓе загинаа, а десетици илјади беа повредени. Спасувачите сè уште трагаат по преживеани, но најавуваат дека спасувачките операции наскоро ќе бидат прекинати, бидејќи ниските температури речиси и да не даваат шанси за преживување под урнатините. Тлото не мирува, земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во Кахраманмараш.

Во потрагата и спасувањето на теренот учествуваат повеќе од 235.000 луѓе во двете земји, а досега се евакуирани 158.000 луѓе, пренесе агенцијата АФАД.

Но, неминовно е наскоро да прекинат спасувачките операции, бидејќи ниските температури речиси и да не даваат шанси за преживување под урнатините, велат спасувачите.

Седумнаесетгодишниот Мухамед и неидентификуван маж се спасени од урнатините во Кахраманмарас 198 часа по земјотресот, јавува Си-Ен-Ен Турк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…

Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…

Силен земјотрес го погоди југоистокот на Турција

Земјотрес со јачина од 5,4 степени е…

Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…

Најмалку 11 лица ранети во пукање пред…

Тинејџер отворил оган пред средно училиште во…

Ердоган повторно ќе се кандидира за претседател…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се…