(Видео) Спасовски на вечерно горење дрога и топење запленето оружје во „Макстил”

t

„Вечерва во присуство на раководството на МВР, претставници од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, полициски аташеа, соработници, беа уништени околу 1.400 килограми различни видови наркотични дроги и околу 270 парчиња разновидно оружје, одземени во 2022 година по основ на правосилни судски одлуки донесени по завршени кривични постапки, како и врз основа на судски решениja за нивно ништење. Би сакал да потенцирам дека во рок од шест месеци ова е второ уништување со вкупно уништени околу 12 тони различни видови дрога и психотропни супстанци.“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вечерашниот настан во челичарницата „Макстил“.

„Минатата 2022 година ја завршивме со запленети рекордни над 2,4 тони дрога и 20 тони прекурсори, сузбиени беа 12 организирани криминални групи со откриени над 660 кривични дела и 770 сторители на кривични дела. Во делот на борба против недозволена трговија со оружје имавме над 18% зголемена откривачка дејност со откриени 127 парчиња оружје и 5103 парчиња муниција,“ рече министерот, додавајќи дека ова било резултат на „големиот број константни оперативни акции и активности кои МВР ги спроведува во изминатите години со цел спречување на нелегалната трговија со дрога и прекурсори“.

„Министерството за внатрешни работи, односно сите организациони единици надлежни за сузбивање на недозволената трговија со дрога, продолжуваат со реализација на овој наш врвен приоритет – на брз, координиран и ефикасен начин да ја сузбиеме оваа девијантна појава“, рече министерот Спасовски. Министерот Спасовски на крај истакна дека бројките ги потврдуваат сериозните успеси во борбата со недозволената трговија со дрога, која ова раководство на МВР уште во почетокот ја постави како еден од своите приоритети во која нема место за никакви компромиси а МВР ќе продолжи да ја информира јавноста на целосно транспарентен начин како во делот на откривањето и санкционирањето на ваквите појави, така и во делот на уништувањето на кое сме денес сведоци.

МВР објави и монтирано видео од вечерашниот настан во „Макстил“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внимавајте, се вршат измами за случени сообраќајни…

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на…

Зеленски: Мора да ја забрзаме испораката на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека…

Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…

„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

Бојмацалиев: Почит кон споменот и сеќавањето на…

Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи…