Пешева: Лајка е последна инстанца која максимално се труди да го реши проблемот со уличните кучиња, за жал другите институции не реагираат соодветно
В.д директорката на ЈП “Лајка”, Радмила Пешева, во денешното гостување во Топ Тема на Телма истакна дека вината за бездомните кучиња не е само кај ЈП “Лајка” туку и кај останатите институции кои затајуваат во врска со ова прашање.
– Јас сум граѓански активист за правата на животните и не мислам дека ситуацијата е најлоша од било кога досега, порано на секои два метри квадратни имавме куче на улица, но се согласувам дека ситуацијата и сега е загрижувачка.
Јас би го насочила проблемот и би прашала зошто институциите затајуваат по ова прашање, бидејќи вината е и нивна.
Кога се работи за казнивоста, ние сме вклучени во новите законски измени, но сакам да кажам дека ние имаме релативно солиден Закон за благосостојба на животните, но имаме слаба реализација. Обврска за спроведување на Законот има Агенцијата за храна и ветеринарство и тие треба да си смислат механизми, дали им недостигаат луѓе не е наша работа.
Дали да бидат инстанца која ќе пријавува ветеринарот, дали тој може да пријави и прими животно ако кучето не е регистрирано и чипирано. Уличните кучиња не се по дифолт сите бездомни особено што знаеме дека се шетаат по улици, се движат по чопори, тоа куче може да касне некого и тоа ќе се идентификува како бездомно куче и ние треба да платиме, а тоа не е бездомно куче, посочи Пешева.
Таа додава дека програмата “Залови, стерилизирај, врати” дава резултати кога се спроведува интензивно, но тоа не било случај досега.
– Не се согласувам дека програмата не дава резултати, “залови, стерилизирај, врати” не само што е економски најисплатлива туку е и најхумана и таа е препорачана за општества кои не се толку економски моќни, како нашето, и за општества каде има голем број на кучиња.
Не е точно дека програмата не дава резултати, само досега не била имплементирана како што треба, значи да се спроведува масовно, да се спречи и локализира нивното размножување. Таа дава резултат само ако се спроведува паралелно и со други мерки, а во Скопје работи само Лајка и таа е последна инстанца.
Кога ги детектиравме првите случаи на епидемија на штенечак, побаравме совети, се консултиравме со ветеринарната фела, дури и однадвор и решивме да го затвориме стационарот, а после беше отворен на 15-ти јануари ама во меѓувреме постапувавме само по налози на инспектори за каснување на гражани, во такви ситуации заловувавме.
Јас како одговорно лице во Лајка никогаш не би си дозволила свесно и намерно да вратам болно куче на улица, ние ги спроведовме сите мерки. Сите кучиња кои се вратени беа претходно тестирани, вели Пешева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Лајка“ во спасувачка мисија: Од водите на…
Ветеринарите и заловувачите на ЈП „Лајка“ викендов…
„Лајка“: Стоп за петардите тоа предизвикува стрес…
ЈП „Лајка“ апелира до граѓаните да се…
Општина Кисела Вода ќе ги размножува уличните…
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…