Битиќи по заканите за поскап леб од пекарниците: Спремен сум за порадикални мерки
По заканите од пекарската индустрија дека ќе поскапи лебот ако не добијат субвенции за исплата на платите, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека е подготвен да им помогне, но со нови правила.
„Спремен сум да разговараме. Јас сум спремен и за порадикални мерки во смисла, да, ќе помогнеме, но тогаш државата ќе биде партнер во нивните бизниси“, рече вицепремиерот Битиќи.
Тој потсети дека со пекарската индустрија веќе имале еден џентлменски договор, кога се договорија државата да ја субвенционира струјата, а тие да ги намалат цените, но тие не го почитувале договорот.
„Помогнавме на пекарската индустрија со електрична енергија која е далеку од пазарната и берзанската цена, но го добивме одговорот од таа страна половично. Само мал дел од стопанските субјекти во пекарската индустрија го исполнија тоа што го ветија, тој џентлменски договор кој го имавме. Сега прашањето е дали треба нов џентлменски договор или треба нови правила на воспоставување на пазарот “, вели вицепремиерот Битиќи.
Неговиот став е дека државата не може да биде партнер на сите стопански субјекти. Може да помогне во тешки времиња, но изјавите кои имаат карактер на закани, за Битиќи не се во духот на партнерскиот однос што го градат изминатите години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демонстранти во Тирана се обидоа да упаднат…
За време на денешниот протест во Тирана,…
Италија ја казни „Мета“ со рекордни 805…
Италијанската Агенција за заштита на личните податоци…
42 годишна жена од Македонија загина во…
Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…
21-годишна битолчанка била давена и задушувана со…
Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна…
Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…
Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…