Се бара притвор: Маж и жена за 1.500 евра си купиле пиштол од Прилеп ама ги фатила полиција
Велешкото обвинителство отвори истрага и бара притвор за маж и жена од Скопје откако на автопатот во близина на Велес биле фатени со автоматски пиштол.
-На 23 февруари, за сума од 1.500 евра, осомничениот во Прилеп набавил автоматско оружје кое им е забрането на граѓаните – пиштол марка ‘шкорпион’ со една рамка без куршуми. Тој и го дал на осомничената која го ставила во својот ранец и со мотор се упатиле кон Скопје. На автопатот Велес-Градско ги застанале полициски службеници и при извршената проверка го откриле и одзеле пиштолот кој граѓаните не можат да го поседуваат со дозвола, велат од ОЈО Велес.
Истрагата против нив се води за кривичното дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи (член 396 од Кривичниот законик).
Притворот, пак, се бара бидејќи обвинителството тврди дека има опасност да избегаат, да влијаат врз вештаци или да го повторат делото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…
Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…
(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава
Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…
Путин: Ќе одговориме реципрочно на распоредувањето на…
Русија ќе смета дека е ослободена од…
Си-Ен-Ен: На Трамп било пукано од три…
Според наодите од аудио вештачењето, за време…
Путин не ја исклучува можноста да испорача…
Русија го задржува правото да испорачува оружје…