Се бара притвор: Маж и жена за 1.500 евра си купиле пиштол од Прилеп ама ги фатила полиција
Велешкото обвинителство отвори истрага и бара притвор за маж и жена од Скопје откако на автопатот во близина на Велес биле фатени со автоматски пиштол.
-На 23 февруари, за сума од 1.500 евра, осомничениот во Прилеп набавил автоматско оружје кое им е забрането на граѓаните – пиштол марка ‘шкорпион’ со една рамка без куршуми. Тој и го дал на осомничената која го ставила во својот ранец и со мотор се упатиле кон Скопје. На автопатот Велес-Градско ги застанале полициски службеници и при извршената проверка го откриле и одзеле пиштолот кој граѓаните не можат да го поседуваат со дозвола, велат од ОЈО Велес.
Истрагата против нив се води за кривичното дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи (член 396 од Кривичниот законик).
Притворот, пак, се бара бидејќи обвинителството тврди дека има опасност да избегаат, да влијаат врз вештаци или да го повторат делото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема оружје за Украина? Трамп: И нам…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Индија се откажа од купување на руските…
Индија го откажа договорот со Русија за…
Американските автомобилски компании ќе произведуваат оружје!
Американските автомобилски компании ќе почнат да произведуваат…
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…